Карло Анчелоти го презеде тимот на Евертон кога „карамелите“ беа во голема криза и веднаш почна да остварува добри резултати.
Сепак, искусниот италијански тренер сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а приоритет е доведување на играч за врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема желба на Анчелоти е играчот за врска на Интер, Матијас Весино, а последните информации се дека двата клуба се во напредни преговори.
Интер следната недела треба да го комплетира трансферот на Ериксен, а тоа додатно ќе ја намали минутажата на Весино, па поради тоа „нероаѕурите“ се спремни да го продадат.
Двата клуба се блиску до договор, а „карамелите“ за Уругваецот ќе платат 20 милиони евра.
Matías Vecino will leave Inter for Everton once the Serie A side tie up a deal for Chelsea's Olivier Giroud. He will join the Toffees for €20m. (Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/6NCAMyvS4G
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 26, 2020