Дома Фудбал Анчелоти пред реваншот со Арсенал: Нема од што да се плашиме

Анчелоти пред реваншот со Арсенал: Нема од што да се плашиме

Наполи со 2:0 беше поразен од Арсенал во рамките на четвртфиналето во Лига Европа, па во реваншот во Наполи ќе има доста тешка задача.

И покрај тоа, тренерот на Наполитанците, Карло Анчелоти не е песимист.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ќе биде различна атмосферата, играме пред нашата публика. Нема да биде лесно, но имаме самодоверба. Второто полувреме ни покажа дека имаме квалитет да постигнеме голови на Арсенал. Го загубивме натпреварот во првите 20 минути, бидејќи не игравме добро во одбраната. Примивме два гола од грешки.“ – изјави Анчелоти и додаде:

„Не смееме да драматизираме поради резулатот, знаевме дека ќе биде тешко. Сега нема од што да се плашиме во реваншот и мора да покажеме се што имаме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oлимпик Марсеј по две децении добива ново лого!

Олимпик Марсеј ќе направи официјална промена на својот грб на 8 април, и тоа со значителни…