Кингсли Коман како голем талент пред две години пристигна во Јувентус од ПСЖ, но после само една сезона во Торино замина на позајмица во Баерн Минхен.
Коман во првата сезона на „Алијанц Арена“ под водство на Гвардиола беше импресивен, но оваа сезона добива нешто помала минутажа кај Анчелоти.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Поради тоа медумите шпекулираа дека Баерн нема да ги плати потребните 21 милион евра и ќе го врати Французинот во Торино.
„Коман? Тој е иднината на Баерн. Ние сериозно сметаме на него и веруваме во неговите способности. Нема никакви шанси да се врати во Јувентус“, потврди Анчелоти.