Дома Фудбал Италија Анчелоти: Интер може да ја прекине доминацијата на Јувентус

Анчелоти: Интер може да ја прекине доминацијата на Јувентус

Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти даде свој коментар за престојното дерби во Серија А помеѓу Интер и Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Милан игра одлично. Пиоли и Малдини завршија исклучителна работа и „росонерите“ сега се на вистинскиот пат. Да имаш играч како Ибра во тимот е бинго. Никогаш не се сомневав во квалитетите на Малдини како директор. Милан оваа сезона може да заврши во Топ 4“, смета Анчелоти.

„Интер добро се засили летово, дефинитивно можат да ја прекинат доминацијата на Јувентус. Сметам дека ова ќе биде најнеизвесната сезона во последната деценија. Конте е одличен тренер и има тим за да го освои Скудетото“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…