Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро Неста изминатите две години ги мина на тренерската позиција во Мајами, но одлучи да го напушти американскиот клуб.
Некогашниот дефанзивец на Лацио и Милан својата кариера ја заврши пред неколку години во САД каде одлучи да ја започне тренерската кариера. Неста две години беше тренер на Мајами, но одлучи да ја напушти оваа функција и да се врати во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека „Аѕурите“ се без селектор, а главниот кандидат за преземање на фунцкијата е Карло Анчелоти. Според пишувањата на италијанските медиуми токму поради тоа Неста го напуштил Мајами, бидејќи, ако Анчелоти ја прифати понудата, тој сигурно ќе биде еден од неговите помошници.
„По две фантастични години на моето патување со Мајами му дојде крајот. Сакам да се заблагодарам на сите кои беа дел од оваа авантура. Подготвен сум за некои нови предизвици во кариерата, а вам ви посакувам многу среќа во иднина“, истакна Неста.