Дома Фудбал Германија Анчелоти виси – наследникот веќе познат!

Анчелоти виси – наследникот веќе познат!

Карло Анчелоти е пред отказ во Баерн Минхен после дебаклот од Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони, пренесуваат германските медиуми.

Во Баерн не го кријат разочарувањето, па извршниот директор Карл-Хајнц Румениге јавно изјави дека некој мора да сноси одговорност.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мораме да го анализираме поразот и да разбереме зошто ни се случи ова. Едно е јасно, некој мора да одговара. Ова во Париз не беше Баерн, мораме што побрзо да се разбудиме и да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави Румениге.

Анчелоти повеќе нема поддршка ни од соблекувалната. Робен синоќа одби да одговори дали тимот стои зад тренерот.

„Не сакам да зборувам за тоа. Мораме како екипа да се држиме заедно. Секое незадоволство само му штети на тимот“, изјави Холанѓанецот.

Анчелоти е посочен како најголем виновник за катастрофалниот пораз, особено беше критикуван што Рибери и Хумелс ги остави на клупата.

Германските медиуми тврдат дека многу е веројатно Анчелоти да добие отказ за време на репрезентативната пауза бидејќи и навивачите го бараат тоа.

Како негов наследник се споменува Нагелсман, но тешко е да се поверува дека Хофенхајм ќе го пушти да замине на средина од сезоната.

Баерн викендов гостува во Берлин и неуспех сигурно ќе значи крај за Анчелоти, но и доколку Баерн победи голема е веројатноста Италијанецот да ги спакува куферите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…