Манчестер Јунатед го продолжи договорот со Антонио Валенсија на уште една година, соопшти денес клубот од „Олд Трафорд“.
Договорот на еквадорскиот репрезентативец истекуваше на крајот на сезоната, па раководсвото на „црвените ѓаволи“ му понуди нов едногодишен договор, односно до јуни 2018 година.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Валенсија кој моментално има 31 година за „црвените ѓаволи“ до сега одигра 271 натпревар и постигна 21 гол, притоа освои шест трофеи откако простигна во 2009 година.
Валенсија оваа сезона игра на бековската позиција и е прилично стандарден кај Мурињо, па досега одигра 23 натпревари од почетокот на сезоната.