Maкедонскиот кошаркар Перо Антиќ во текот на вчерашниот ден потпиша договор со Црвена Звезда.
Поранешниот клуб на Антиќ, турски Фенербахче му се заблагодари на македонскиот кошаркар, а сега истото го направи и Антиќ кој преку социјалната мрежа им се заблагодарува на луѓето во клубот за како што истакнува тој двете прекрасни години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во Фенербахче доживеав многу незаборавни моменти, тука е историското освојување на титулата во Евролигата, моите соиграчи и тренерот навистина беа фантастични. Навивачите на овој клуб заслужуваат победи и успеси, тие се фантастични, не постојат зборови со кој би можел да им се заблагодарам. Им посакувам многу успех во наредните години“, напиша Перо Антиќ кој со Црвена Звезда потпиша договор на една година.