Дома Останати Кошарка Евробаскет Антиќ и Црвена Звезда ја „збришаа“ Барселона во „Пионир“

Антиќ и Црвена Звезда ја „збришаа“ Барселона во „Пионир“

Црвена Звезда славеше против Барселона во рамки на второто коло од Евролигата со 90:82.

Домашниот состав во салата „Пионир“ доминираше уште од самиот старт на мечот, и благодарение на тоа го остварија првиот триумф сезонава.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона се наметна во третата четвртина, каде Звезда помалку потфрли, но тоа не успеа да донесе пресврт за Каталонците.

Во таборот на Црвена Звезда од големо значење беше нашиот Перо Антиќ со постигнати 10 поени и 9 скока, а покрај него како најпрецизен се издвои Рочести со постигнати 18 поени.

За Каталонците најпрецизен беше Серафин со постигнати 16 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Вембањама имаше ноќ од соништата – најбрз дабл-дабл во историјата на кошарката (Видео)

Вембањама го разби Чикаго, му беа потребни осум минути за трипл-дабл, на крајот со 41 поен…