Дома Фудбал Репрезентации Анри во нова улога, ќе биде селектор!

Анри во нова улога, ќе биде селектор!

Легендарниот Французин, Тиери Анри ќе има нова улога и на кратко ќе биде селектор на Белгија.

Имено, Анри ќе ја води Белгија во натпреварот против Холандија во Лигата на Нации. Првиот тренер на Белгија, Роберто Мартинез поради неспортски потег заработи црвен картон против Велс, па сега улогата на селектор ќе му припадна на Анри.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата година Анри се врати во улогата на помошен тренер во репрезентација, пристигна да му помогне на Мартинез и да биде дел од стручниот штаб за Мундијалот во Катар.

Анри се впушти во тренерските води од 2014 година кога стави крај на играчката кариера. Натпреварот помеѓу Холандија и Белгија е закажан за в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Градот сериозно заинтересиран: На “Етихад” го посакуваат бразилското чудо од 50 милиони евра

Манчестер Сити внимателно го следи 17-годишниот напаѓач Бруњињо од бразилскиот Атлетико Па…