Дома Фудбал Останато Анонимус руши голгетерски рекорди во Белгија, а со клубот пишува вистинска бајка

Анонимус руши голгетерски рекорди во Белгија, а со клубот пишува вистинска бајка

Ројал Унион е хитот во белгискиот фудбал. Овој клуб во овој момент е лидер со седум бодови предност во однос на Клуб Бриж, а имаат и интересен голгетер.

Напаѓачот Денис Ундав во досегашниот дел од првенството постигна 24 гола на 30 натпревари. Ништо чудно не би било ако Ундав дури 20 од вкупно 24 гола не ги постигна на гостински терен. Такво нешто не им успеало ниту на голгетери како Левандовски. Мбапе, Халанд…

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ундав 20 голови постигна на 14 гостински натпревар, а вкупно оваа сезона за Ројал постигна 25 голови на 32 натпревари во сите натпреварувања.

Станува збор за германски напаѓач кој е на позајмица од Брајтон кој сигурно ќе му понуди нов договор на лето. Ундав пред доаѓањето во Брајтон играше за нисколигаш во Германија и за најголем дел од фудбалската јавност е анонимус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона во новата сезона ќе има дрес посветен на Коби Брајант

Барселона и „Најк“ одлучија да му оддадат чест на Коби Брајант на сосема поинаков начин, з…