Италијанските медиуми најавуваат дека Андреа Пирло после неуспешната авантура на клупата на Јувентус ќе има нов ангажман во Серија А и тоа како тренер на Сампдорија.
На местото на Клаудио Раниери во Сампдорија дојде Роберто Д’Aверса, меѓутоа добрите резултати не продолжија па како што стојат работите се подготвува отказ за него. Според најавите од Италија прв избор е Пирло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Отказ Д’Аверса би можел да заработи уште викендов ако не победи. Пирло во претходниот период се поврзуваше со Барселона, меѓутоа поради финансиските проблеми Каталонците не можат да си дозволат отказ за Куман па Холанѓанецот се уште е на клупата.