Дома Фудбал Англија Андер Ерера ги воодушеви навивачите со овој потег (видео)

Андер Ерера ги воодушеви навивачите со овој потег (видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа го совладаа Челзи со 2:0 во ФА Купот, а еден од најдобрите поединци на теренот беше токму Андер Ерера.

Ерера го постигна првиот гол на мечот, а потоа имаше безброј одземени топки и скратени акции на „сините“, но еден негов потег посебно ги воодушеви сите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој на крајот од мечот му пријде на Алексис Санчез кој е на голем удар на критки од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“. Ерера му даде голема поддршка и му порача дека е време да се разбуди и конечно да го покаже својот квалитет.

„Алексис Санчез е светска класа и кога влезе на терен веднаш се виде разлика. Се надевам дека што поскоро ќе му се врати самодовербата и дека на сите ќе им покажа дека се работи за врвен играч“, изјави Ерера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…