Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Русија откако беше поуспешна од Колумбија во изведувањето на пенали.
Сепак многумина сметат дека Англија незаслужено помина бидејќи јунакот на мечот, голманот Џордан Пикфорд го прекрши правилото, исто како што тоа го направија Субашиќ, Шмајхел и Акинфеев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, голманот направи чекор напред пред Колумбиецот Бака да го упати ударот и со тоа се стекна со предност. Интересно, да се почитуваат правилата, пеналот би се повторил.
„Јасно се гледа дека го прекрши правилото. Излезе од линијата најмалку два-три чекори понапред. Судијата го виде тоа. Меѓутоа, да не го критикуваме Пикфорд, тоа правило не треба да постои“, порача Имон Данфи, поранешен ирски фудбалер.
The airtime on this save. ??
This won’t get old @JPickford1 pic.twitter.com/4f8SrtgPt3#CROENG #Worldcup— Yannick Bolasie (@YannickBolasie) July 3, 2018
Од друга страна, некогашниот англиски судија Грахам Пол, порача дека тој во вакви ситуации, кога голманот ќе излезе пред гол линијата уште пред изведувачот да дојде во контакт со топката, би го почитувал правилото и би го повторувал изведувањето на пенали.