Дома Фудбал Лига на шампиони Англичаните ја слават одлуката на властите, спектакл на Олд Трафорд пред навивачи!

Англичаните ја слават одлуката на властите, спектакл на Олд Трафорд пред навивачи!

Велика Британија излегува од националниот карантин, па премиерот Борис Џонсон порача дека во одредени мери се враќа публиката на спортските терени.

За почеток таа бројка ќе биде максимално 4.000 во областите од прва категорија, 2.000 во областите од втора, додека во ризичните области вратите на стадионите ќе бидат затворени.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Интересно е што на 2. декември, кога се враќаат навивачите на трибините, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го пречека ПСЖ.

Така, фудбалскиот спектакл ќе можат да го следат околу 4000 навивачи. Да, малку е со оглед на големината на култниот стадион во Манчестер, но подобро нешто отколку ништо.

Се претпоставува дека со тек на време тој број ќе се зголеми и наскоро на трибините на стадионите во Англија ќе има по 20-25.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…