Јунајтед денеска остана без тренер откако што Жозе Мурињо доби отказ по лошите резултати во Премиер лигата.
Екипата во следните неколку дена на тренинг ќе ја води Мајкл Керик, а тоа е само купување на време кое управата на клубот го има се помалку. Стратегијата на Јунајтед е да ангажира тренер кој ќе биде до крајот на сезоната, а потоа на лето да се побара решение за долга патека – фаворити се Мануел Покетино, Антонио Конте и Зинедин Зидан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, клубот ќе мора да пронајде тренер кој ќе го извлече максимумот од сезоната, а „The Guardian“ тврди дека во игра има две опции. Прва е Лоран Блан, Французинот настапуваше на „Олд Трафорд“ две сезони како играч, а има доста искуство како тренер на ПСЖ и селектор на Франција. Без ангажман е и заинтересиран е за клупата на гигантот па дури и на шест месеци.
Втората опција е легендата на клубот, Оле Гунар Солскајер, Норвежанецот во моментов е на клупата на Молде што не би требало да претставува проблем, меѓутоа тој веќе го водеше Кардиф на Островот и не се прослави, па навивачтие се скептични, а остана се помалку време…