Дома Фудбал Лига на шампиони Англиско финале во ЛШ, Челзи го надигра Реал 🎥

Англиско финале во ЛШ, Челзи го надигра Реал 🎥

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето од Лигата на шампиони, откако вечерва целосно го надиграа Реал Мадрид во Лондон (2:0).

Челзи подобро го отвори мечот и стигна во водство во 30-та минута со голот на Вернер. Хаверц излезе сам пред Куртоа, но ја погоди пречката, а Вернер ја испрати акцијата и само се поклони пред празниот гол.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Најголемата шанса Реал ја имаше на крајот на првиот дел кога Менди го одбрани одличниот шут на Бензема.

Во второто полувреме Челзи имаше целосна доминација и само расположениот Куртоа го држеше Реал во живот.

Во 84-та минута Канте истрча контра, а Пулишиќ му асистираше на Маунт за конечни 2:0.

На 29-ти мај во Истанбул ќе гледаме англиско финале помеѓу Челзи и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

(Видео) Снимки од заседата: Водач на навивачите на Земун прегази напаѓач, па почна да бега

Безбедносните камери го забележале моментот на нападот врз водачот на навивачите на ФК Зем…