Дома Фудбал Лига на шампиони Англиски новинар воодушевен: На „Маракана“ ги видов најдобрите навивачи!

Англиски новинар воодушевен: На „Маракана“ ги видов најдобрите навивачи!

Црвена Звезда го воодушеви фудбалскиот свет со настапот против Ливерпул (2:0) во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Освен со настапот на фудбалерите, во Европа денес се пишува и за атмосферата на „Маракана“ која секогаш е на ниво.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дејвид Лих, новинар на британски „Стандард“ ги пофали навивачите на Звезда кои приредија чудесна атмосфера.

„Навивачите…Неверојатни! Најдобрите кои некогаш сум ги видел“, напиша после натпреварот.

Славјето на „Маракана“ траеше и долго после натпреварот.

Звезда веројатно ќе биде казнета поради транспарентот со ликот на Драж Михајловиќ и скандирањето „УЕФА мафија“, но тоа вчера на стадионот никого премногу не го загрижи.

„Немаа шанси да се вратат пред таква публика. Ливерпул ја плати цената поради ужасното прво полувреме. Немаа шанси да се вратат пред ваков противник и пред ваква публика. Покрај слабата игра на Звезда треба да се признае и дека Звезда заслужено победи“, смета Лих.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Се појави клуб кој го сака: Еве каде може да заврши Ендрик!

Младиот бразилски талент Ендрик (19) нема убави сеќавања на својата трансфер во Реал Мадри…