Дома Фудбал Репрезентации Англискиот селектор во огромни проблеми: Во последен момент му откажаа осум фудбалери

Англискиот селектор во огромни проблеми: Во последен момент му откажаа осум фудбалери

Дури осум фудбалери во последен момент го откажаа доаѓањето на собирот на репрезентацијата на Англија пред предизвиците во Лигата на нации.

Како причина за ваквата одлука на осумте играчи се наведуваат повредите, а јавноста во Англија со право се прашува дали навистина се повредени или немаат мотив да играат во Лигата на нации, на последните натпревари под водство на Ли Карсли. .


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Карсли од 1 јануари ќе го наследи Томас Тухел на клупата на „Гордиот Албион“, а медиумите во Англија пишуваат дека токму тоа им олеснило на фудбалерите да го откажат доаѓањето на собирот.

Привремениот англиски селектор не може да смета на: Деклан Рајс, Букајо Сака, Фил Фоден, Џек Гралиш, Кол Палмер, Леви Колвил, Трент Александар-Арнолд и резервниот голман Арон Рамсдејл.

Поради гореспоменатите откажувања, Карсли дополнително ги повика: Морган Роџерс, Џарад Брантвејт, Тино Ливрамент и Џејмс Трафорд.

Англичаните во четврток ги очекуваат гостување во Грција, додека три дена подоцна ќе играат домашен натпревар против Република Ирска, со што ќе го завршат натпреварувањето во групната фаза од Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерките доживеаа дебакл во вториот натпревар со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скоп…