Дома Фудбал Репрезентации Англиска фудбалерка шутна посилно од било кој друг фудбалер во Премиер лигата 🎥

Англиска фудбалерка шутна посилно од било кој друг фудбалер во Премиер лигата 🎥

Во Австралија и Нов Зеланд во тек е Светското фудбалско првенство за жени, а репрезентацијата на Англија е еден од првите фаворити на турнирот.

Англичанките се пласираа во четвртфиналето каде што ќе играат против Колумбија. Октако лесно ја поминаа групата против Кина, Данска и Хаити во осминафиналето беа подобри од Нигерија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот се решаваше на пенали, а клучниот го реалзиираше Клое Кели, фудбалерката на Манлчестер Сити. Кели пеналот го реализираше со шут кој се движел со брзина од 110.8 километри на час.

Овој податок е посебно импресивен затоа што во целата мината сезона, ниту еден фудбалер од Премиер лигата кој постигнал не ја достигнал оваа брзина. Најсилен беше шутот на Саидо Бенрахма кој се движеше со брзина од 110.2 километри на час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…