Кабиб Нурмагомедов следниот викенд ќе го брани појасот во лесна категорија против Џастин Гатје.
Дагестанецот така ќе ја бара својата 29. победа во исто толку настапи, но ова ќе биде негов прв меч без неговиот татко Абдулманап. Таткото на Кабиб почина во петиот месец од оваа година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бевме како пријатели, а ми беше и татко и тренер“, изјави неодамна Кабиб и порача дека ќе ја исполни желбата на неговиот татко, а тоа е да дојде до 30. победа во кариерата.
Англиската телевизија „БТ Спорт“ преку кратка анимирана приказна ја најави борбата и на емотивен начин го прикажа односот помеѓу Кабиб и Абдулманап.