Лионел Меси вчера повторно блескаше во победата над Тотенхем од 2:4.
Аргентинецот на почетокот на оваа сезона како да сака да докаже дека е неправедно изоставен од финалистите за најдобар фудбалер во светот, па од самииот почеток игра на највисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Гери Линкер вчера ја прокоментира играта на Меси и тој смета дека ниту еден фудбалер не е блиску до неговото ниво.
„Искрено, дали некој навистина мисли дека некогаш постоел подобар фудбалер од Меси? Сериозно?“, се запраша Линкер, а потоа одговори и на едно прашање од Твитер „зошто на таков начин го понижува Роналдо“.
Линкер имаше интересен одговор.
„Го обожавам Роналдо и мислам дека е навистина голем играч. Сепак, не е ни блиску добар фудбалер како Меси. Постигна многу голови, но фудбалот е повеќе од тоа. Меси е на повисоко ниво“, порача Линкер.