Поранешниот селектор на Македонија, една година по заминувањето од кормилото на репрезентацијата се враќа во фудбалот како тренер на хрватскиот тим Горица.
Ангеловски по претставувањето во Горица ја даде и првата изјава за медиумите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ја следам хрватската лига од кога бев селектор на Македонија затоа што многу играчи играа тука. Задоволство е да се биде тренер во ова првенство, лигата е се повеќе квалитетна и мотивација за секој тренер“.
„Нема да се расфрлам со изјави, мојот начин на работа е да одиме полека. Во овој момент најважен ни е следниот натпревар. Наважно е да бидеме добри како тим, тоа треба да ни биде на прво место. Горица поседува квалитет и мислам дека тој може да донесе подобри резултати. Токму и поради тоа се одлучив да дојдам тука“, изјави Ангеловски.