Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
После денешниот пораз прес-кофнеренција селекторот Игор Ангеловски порача дека нема преголемо разочарување после денешниот пораз.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Ангеловски смета дека денес сме одиграле еден добар натпревар, посебно во второто полувреме кога тргнавме да играме по напаѓачки.
„Кога навивачитеќ е ве испратат со аплауз значи дека сте одиграле еден добар натпревар. Сепак останува да жалиме затоа што не успеавме да победиме“.
„Победени сме но, не сме поразени, моите фудбалери се во европскиот крем и покажаа дека сме заслужно сме тука. Во соблекувалната им кажав да продолжат и против Холандија да одиграат онака како што одиграа денес во второто полувреме“.
„Целта беше да влеземе повеќе претпазливо и среќата беше на нивна страна. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија и им честитам на момците, посебно за играта во второто полувреме. Како што кажав, кога публиката ќе ве награди со таков аплауз значи добро сте одиграле“, изјави Ангеловски.
За натпреварот против Холандија.
„Нема поголем мотив кога играш против една толку силна селекција, одиме во Амстердам да одиграме за Македонија и се надеваме дека ќе ги освоиме првите бодови, порача селекторот.
Натпреварот помеѓу Македонија и Холандија се игра во понеделник.