Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Ова е само почеток на оваа генерација!

Ангеловски: Ова е само почеток на оваа генерација!

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа оствари многу важна победа на гости во Израел, а селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството.

Ангеловски потенцираше дека треба да бидеме горди на играчите и дека ова е само почеток на оваа генерација.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Оваа победа доаѓа во многу важен момент. Големо задоволство ми е што со три бода се враќаме во Скопје. Конечно фудбалерите добија награда за прикажаното. Не треба да се залетуваме, ова е само почеток на оваа генерација. Доминиравме, создадовме повеќе шанси од противникот и целосно заслуживме триумф. Ова е млада селекција, не може да нема грешки, но верувам во оваа селекција. Kапитенот Пандев денеска ја поведе репрезентација и покажа дека е лидер на националниот тим. 10 години не сме победиле тим кој е меѓу 50 на ФИФА листата и треба да бидеме задоволни“, изјави селекторот Ангеловски.

Македонската репрезентација веќе во вторник го игра следниот меч во квалификациите, против Албанија во Струмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи до 17 години ќе одиграат два натпревари против Кипар

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соод…