Дома Македонски спорт Ангеловски: Никогаш не калкулирам, одиме утре со победа да го завршиме овој циклус

Ангеловски: Никогаш не калкулирам, одиме утре со победа да го завршиме овој циклус

Репрезентацијата на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Ерменија во кој ќе се бориме за првата позиција во групата.

На Македонија во овој дуел ќе и биде доволно и реми за да остане на првата позиција и да се пласира во „Б“ лигата. За таа цел на Македонија и е доволно и реми, но селекторот порача дека нема да калкулираме.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Никогаш не сум калкулирал, посебно не да одам на нерешено. Тоа можеби е моја мана. Имаме квалитет, тие играчи што се тука ќе дадат се од себе. Позитивен резултат не носи во Б групата од Лигата на Нации и тоа е важно. Суспендирани и повредени сме имале и претходно и не сме се жалеле“.

„Сакаме да победиме утре и така со победа да го завршиме овој квалификациски циклус. Ерменија ни е познат противник и знаеме дека се добра репрезентација, посебно би ги истанал Барсегјан и Хоф кои беа дел и од успесите на Вардар“, изјави Ангеловски пред утрешниот натпревар.

Фото: Игор Паневски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…