Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски и напаѓачот Илија Несторовски на вчерашната прес-конференција ги кажаа своите очекувања за пријателскиот натпреварот со Турција закажан за денес во 19:45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Репрезентацијата на Турција располага со квалитет и мислам дека ќе имаме можност на вистински начин да направиме една контрола. Очекувам од моите фудбалери да бидат на нивото, исто како и на претходните натпревари. Сакаме да ја задржиме истата игра и да продолжиме со позитивните резултати. Фудбалот се игра за победи, сеедно дали е пријателски натпревар. Ни треба и поддршка, се надевам дека на трибините ќе има навивачи бидејќи ни се потребни“, изјави Ангеловски.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Здравствениот билтен на Македонија е добар, сите фудбалери се на располагање и подготвени да го дадат максимумот на утрешната пресметка.
Илија Несторовски посакува победничката серија на македонската репрезентација да продолжи и против 25. светска селекција на ФИФА листата.
„Секој натпревар ни е важен, навистина добро се подготвуваме. Сакаме да ја продолжиме победничката низа. Се надевам дека со триумф против Турција на вистински начин ќе го најавиме мечот со Шпанија“, рече Нестороски.