Дома Фудбал Репрезентации Анализа на групите на ЕП: Група А – очекувања, кој е фаворит, кој аутсајдер…

Анализа на групите на ЕП: Група А – очекувања, кој е фаворит, кој аутсајдер…

Групата А на ЕУРО 2020 има еден јасен фаворит во името на Италија еден аутсајдер – Велс, како и две селекции кои се речиси со израмнет квалитет – Турција и Швајцарија, чиј меѓусебен дуел може да реши многу прашања за патникот во следната рунда.

Италија секогаш цели високо, па таков е случајот и сега. Групата би требало да ја минат лесно. Имаат млад и силен тим кој полека ја враќа Италија на големата сцена, особено ако се знае дека една од најуспешните селекции во меѓународниот фудбал беше на дното по нивниот неуспех да се пласираат на Светското првенство во Русија – катастрофа невидена 60 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во квалификациите, Манчини го сруши двојниот рекорд на победникот во Светскиот куп, Виторио Поцо, од 30-тите години, водејќи ги „азурите“ до 11 последователни победи, па атмосферата сега е на највисоко ниво.

Велс е аутсајдер и од нив може да се очекува единствено да освојат некој бод кој нема да биде доволен за прогрес во следната фаза. Јас не им давам речиси никакви шанси во оваа група.

Вториот патник во следната фаза би требало да се бара меѓу селекциите на Турција и Швајцарија. Ако Турција одигра на високо ниво, не би требало да има проблем да ја мине групата. Но проблемот во Турција е неконзистентноста. Играат топло-ладно, можат да слават против Италија, а да загубат од Велс.

Од друга страна тимот на Швајцарија буквално во сите линии. Средината има и цврстина и елегантност, Емболо од Борусија Менхенгладбах ја носи брзината во екипата, а играчот на Дортмунд, Мануел Аканџи заедно со Шар од Њукасл, ја прават одбраната доволно цврста за да издржи и против најдобрите.

Доколку сакате совети за обложување, за оваа, но и за останатите групи на ЕП, како и повеќе натпревари посетете го сајтот на „Кладење.мк“ – тука, каде што работат луѓе кои си ја знаат работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…