Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат до последниот момент од преодниот рок се обидуваше да ја убеди Фиорентина да го пушти во Барселона, но тие не се согласија на такво нешто.
Амрабат бил револтиран поради одлуката на раководството, па влегол во канцеларијата на претседателот на Фиорентина каде што направил инцидент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мароканецот му кажал одредени работи на претседателот поради кои би можел да зажали во иднина, меѓутоа Амрабат очигледно не се грижел за тоа.
На фудбалерот му се заканува и казна од клубот поради недолично однесување и може да биде суспендиран до крајот на сезоната.
Фиорентина бараше од Барселона во договорот да вметне откупна клаузула, меѓутоа каталонскиот гигант не можеше да го направи тоа поради финансискиот фер-плеј.
TOП 5 ТРАНСФЕРИ ВО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ПРЕОДНИОТ РОК