Дома Трансфер зона Не е само Регуилион: Манчестер Јунајтед договори супер засилување од Серија А!

Не е само Регуилион: Манчестер Јунајтед договори супер засилување од Серија А!

Според информациите на експертот за трансфери, Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед дефинитивно го добива потписот на Софијан Амрабат.

Амрабат во Манчестер Јунајтед пристигнува на позајмица за која клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 10 милиони евра, а ќе има опција за откуп во износ од 20 милиони евра, дополнителни пет би се исплатиле преку бонуси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мароканецот вниманието на себе посебно го привлече со настапот на Светското првенство, а во јануари беше блиску до Барселона, но тој трансфер пропадна.

Исто така Ерик Тен Хаг потврди дека пристигнува Серхио Регулион од Тотенхем.

„Да тој тренираше со нас, документите се потпишани вчера“, изјави стратегот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …