
Кошаркарската репрезентација на САД ја победи Австралија со 102:86 во вториот припремен натпревар за Мундобаскетот.
На „Марвел“ стадионот во Австралија присутни беа 51.000 гледачи, а САД порака дека и во ваков состав има и тоа како голем квалитет.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Австралија во финишот од првото полувреме успеа да се врати во живот после 31:42 во корист на САД, дури и во 21-та минута направија пресврт на 45:44. Одговорот на Американците беше брз – 13:0 во серија во наредните три минути!
Потоа прашањето на победникот не се поставуваше, а максималната предност на САД изнесуваше 20 поени – 73:93 на три минути пред крајот.
Американците беа многу подобри во два елементи – шут за два поени 28:55, наспроти домаќините 17:42 и скокови 54:36.
Кошаркарите на Австралија забележаа 24 асистенции во 29 погодени шута, додека кај САД односот беше 18:41.