Дома Топ вести Амбициозниот план на Интер за привлекување на Меси

Амбициозниот план на Интер за привлекување на Меси

Манчестер Сити е голем фаворит за привлекување на Лионел Меси, но Интер не се откажува од намерата да го донесе Аргентинецот во Милано.

Клубот од Милано има амбициозен план и претседателот Стивен Жанг веќе работи на наоѓање спонзори во Кина. Сопствениците се трудат да најдат спонзори кои ќе им помогнат да го обезбедат потребните средства за високата плата на Меси.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жанг е сопственик на компанијата „Сунинг“, втор најголем холдинг во Кина. Покрај барањето на спонзори, сопствениците на Интер треба да добијат и одобрение од кинеските власти за една таква голема инвестиција.

Италијанскиот клуб чека Меси да се ослободи од Барселона за да започне преговори и да ја презентира својата понуда.

Во прилог им оди фактот што во Италија сега се многу пониски даноците, па Меси веќе купи куќа во Милано. Имено, Аргентинецот ако живее во Италија ќе плаќа многу помал данок и на заработката од спонзорските договори и имиџ правата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…