Во пресрет на плејоф натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, гостин во „Куќа на фудбалот“ беше амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри.
Заедно со раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски ги споделија своите очекувања од важниот натпревар на 24. март и имајќи в предвид дека Македонија и Италија се пријателски земји, дадоа збор на финалниот бараж натпревар да навиваат за една од двете репрезентации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голема чест за Фудбалската федерација на Македонија е гестот на италијанската амбасада и амбасадорот Андреа Силвестри кој ни подари фотографии од репортажата „За Првпат“ на фотографот Матео де Мајда и новинарот Козимо Биѕари направени од повеќе места во Македонија во времето пред историскиот прв настап на македонската репрезентација на Евро 2020. Тоа претставува прекрасна симболика за нас да веруваме во нови успеси. Фотографиите со различни мотиви од македонскиот клупски фудбал и навивачките групи секако ќе бидат дел од „Куќа на фудбалот“.
„Очекувам отворен натпревар. Ќе биде предизвик за двете репрезентации. Мечот на 24. Март во Палермо е голем спорски момент, но и момент на пријателство меѓу двете земји. Нека победи подобриот, рече амбасадот на Италија, Андреа Силвестри.
– Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи“, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Фотографии од репортажата беа изложени во галерии ширум нашата земја, во градовите Скопје, Кавадарци, Струмица и Прилеп, а истите беа објавени во многу медиуми ширум светотот, вклучително и Њујорк тајмс, Фајненшал тајмс, Дер шпигел. Репортажата „За првпат“ беше направена со поддршка на Музејот на современа фотографија во Милано, магазинот Ундичи и ФФМ.