Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Во големиот број поранешни спортисти кои ја следат Македонија во Букурешт има и луѓе кои не се во облаата на спортот, но сепак се тука да навиваваат и да дадат поддршка на Македонија.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Еден од нив е и амбсадарот на Македонија во Романија Габриел Атанасов, денес имавме прилика со него да разговараме на една убава спортска тема и очекувањата од Македонија за следниот натпревар со Украина.
„Јас искрено, посакувам успех, посакувам победа, тоа е нешто кое сите навивачи го посакуваат. Да дадат максимум, да играат добро како што тоа го прават и досега, па така и успехот би бил на повидок“.
„Натпреварот со Австрија го следев со големо задоволство, според мене прикажавме многу добро игра посебно во првото полувреме. Навистина бевме добри и постигнавме гол, потоа во второто полувреме можеби малку падна и силата и временските услови беа такви. Меѓутоа и Австријците беа тактички добри, но мислам дека во еден период и нашите беа подобри“.
Како и многу други и тој не остана рамнодушен на навивачите на Македонија кои овие денови се главна атракција во Бкурешт.
„Навистина е убаво, се пеат песни, се навива, се дава поддршка на нашата репрезентација. Се е во границите на дозволеното, па нема никакви проблеми. Како што кажав сликата навистина е прекрасна“, ни изјави амбасадарот Атанасов.
И претходно за романската телевизија „ПРО ТВ“ тој испрати порака за поддршка на нашите фудбалери.