Андрес Иниеста ги игра последните натпревари за Барселона, а Виљареал синоќа сакаше на достоен начин да се прости од легендарниот Шпанец, па му подари подморница од својот фан-шоп.
Цели 16 сезони Иниеста го носеше дресот на Барселона, а против Виљареал одигра 23 натпревари, на кои забележа 14 победи, четири реми и пет порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа Виљареал сакаше на достоен начин да се прости од Иниеста и да му се заблагодари за се што направи за шпанскиот фудбал, па пред натпреварот му поклонија жолта подморница – симболот на клубот.
Меѓутоа, денес на социјалните мрежи сите тераат „мајтап“ со шпанскиот клуб, бидејќи поклонот може да го купите во фан-шопот на Виљареал и тоа за само 45 евра, односно помалку од 3000 денари.