Главна тема денес во фудбалскиот свет е Килијан Мбапе, францускиот медиуми попладнево објавија дека Мбапе поради неисполнети ветуваања од потпишаниот договор сакал да го напушти Париз.
Последната вест која доаѓа од Париз е дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи му испратил порака на Мбапе и му поставил два услова кои мораат да се исполнат за тој да замине.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот услов бил дека клубот кој го сака мора да плати оштета од 400 милиони евра, а вториот дека не смее да потпише за Реал Мадрид.
Од Англија се појави вест дека Ливерпул може да го понуди Салах, но сето тоа во овие моменти е во рамките на шпекулациите. Тешко е и да се поверува дека некој клуб може да плати 400 милиони евра, можеби би можел Манчестер Сити, но тие во овој момент немаат потреба од Французинот.
Како и да во наредниот период сигурно многу ќе се пишува за ПСЖ и Мбапе, па ќе видиме како се ќе се заврши.