Денес Вардар одигра одличен натпревар и славеше против Е.Пелистер со убедливи 35:27 во рамките од третото коло во македонското првенство.
Стратегот на црвено-црните Стевче Алушовски беше презадоволен од победата, но додаде и дека можеле да победат со повеќе гола разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Честитки до Е.Пелистер за коректната борба, ние одигравме одлично во одбраната. Мислам и дека конечниот резултат не е вистински приказ на тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, сепак ако некој пред мечот ми понудеше победа со осум гола разлика нормално дека ќе ја прифатев. Моите играчи го испочитуваа она што се договоривме до крај, постигнавме 35 гола и мора да сум за задоволен. Ова е голем чекор кон освојувањето на 14. титула во македонското првенство“, изјави Алушовски.
Фото: Денис Дуковски