Марјан Алтипармаковски и тоа како го оправдува ангажманот во летниот преоден рок издвојувајќи се по десет натпревари како еден од најдобрите стрелци во Првата македонска фудбалска лига.
Алтипармаковски запиша и два гола во убедливата победа од 4-1 против Македонија ЃП, па со вкупно седум погодоци е голгетер број во редовите на „сините“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Овој тим на Брегалница има навистина голем капацитет. Среќен сум што тоа го покажуваме на терен. Но, не се залетуваме секако. Нашата цел е да одиме од натпревар на натпревар. Одличен натпревар одигравме против Македонија ЃП во кој повеќе од заслужено триумфираме. Сето тоа ни носи дополнителен мотив за продолжението од првенството“ – вели Алтипармаковски.
„Сините“ веќе во среда ги очекува осминафиналето од Купот на Македонија против Охрид. Секако со амбиција за пласман во четвртфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Секако нашата желба е победа и на дуелот против Охрид. Сето тоа ќе мора да го покажеме и на терен, и само со максимален ангажман да дојдеме до посакуваниот триумф“ – дополнува најдобриот стрелец на Брегалница.
Фото: ФК Брегалница