Дома Останати Тенис Алкараз призна: Загрижен сум поради Надал…

Алкараз призна: Загрижен сум поради Надал…

Карлос Алкараз, моментално третиот тенисер на светот изрази загриженост поради ситуацијата на Рафаел Надал.

Надал најави дека нема да игра ниту во Монте Карло, а се стравува дека нема да биде подготвен до турнирот во Рим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Надал 11 пати го освојуваше Монте Карло, но овојпат нема да се бори за трофејот. Алкараз е сериозно загрижен поради тоа.

“Јас сум загрижен. Би сакал наскоро да се врати на теренот“, изјави Алкараз за ситуацијата со својот постар сонародник.

Алкараз не знае колку долго неговиот сонародник ќе биде надвор од терените.

„Не знам ништо за Надал. Очигледно, како Шпанец и љубител на тенисот, се плашам дека нема да игра на турнирите кои се толку посебни за него. Ако го прескокне Монте Карло, се надевам дека барем ќе игра во Шпанија“, се надева младиот Шпанец.

Сепак, тој се уште верува дека би можел да игра со Надал на Олимпијадата во двојки.

„Тој отсекогаш бил мојот идол. Нема подобар начин да дебитирате на Олимписките игри од тоа да заиграм со него во пар.“, изјави Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Го чека пекол!

Новак Ѓоковиќ ќе има исклучително тежок пат на Отвореното првенство на САД во тенис, каде …