Дома Фудбал Останато АЛИСОН СЕ ОГЛАСИ: Што сега ќе речат навивачите на Ливерпул за Кутињо?

АЛИСОН СЕ ОГЛАСИ: Што сега ќе речат навивачите на Ливерпул за Кутињо?

Бразилскиот голман Алисон Бекер на крајот од минатата сезона се одлучи да ја напушти Рома и кариерата да ја продолжи во дресот на Ливерпул.

Алисон блескаше минатата сезона на голот на римскиот клуб, а минатото лето не можеше да ја одбие богатата понуда од „Енфилд“. Бразилецот така стана најскапиот голман на сите времиња и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за екипата од Јирген Клоп.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во разговор за англиските медиуми, Алисон призна дека пред трансферот во „Црвените“ разговарал со Кутињо кој до почетокот на оваа година беше член на Ливерпул. Алисон октри дека Кутињо му рекол се најдобро за англискиот клуб и дека нема да погреши доколку потпише за нив.

„Се разбира, зборував со Кутињо за тоа дали да дојдам во Ливерпул. Го пофали Клоп, но и останатите играчи. Рече дека владее неверојатно единство во екипата и дека тоа е многу амбициозен тим. Морам да признаам дека тоа ми помогна во донесувањето на одлуката околу трансферот. Бев многу среќен во Ливерпул со семејството и тоа ми беше важно“, изјави Алисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новото „чудо од дете“ сруши рекорд на Јамал само една година по Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Мексико достигна врв на Северна и Централна Америка со триум…