Раџа Наинголан веќе се договори со Интер, а Рома во наредната сезона ќе влезе и без голманот Алисон.
Рома одлучи да продаде некои од важните играчи, а после Наинголан најверојатно заминува и бразилскиот голман, кој со изјавата најави крај на авантурата во Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Искрено, навистина се надевам дека ова ќе се реши до Светското првенство. Препуштив на моите претставници да ја донесат најдобрата одлука и да ја решат оваа работа. Имаме бројни опции и сите ги разгледуваме, со целосна почит кон Рома.“ – изјави Алисон.
За услугите на Алисон најсериозни кандидати се Ливерпул, Челси и Реал Мадрид.
Што се однесува до Мундијалот, се очекува дека ќе биде прв голман во Бразил, иако има жестока конкуренција во голманот на Сити, Едерсон.