Дома Македонски спорт Алиоски мајсторски проигра, Пандев рутински погоди, Маркоски стави точка – Норвешка совладана! (Видео)

Алиоски мајсторски проигра, Пандев рутински погоди, Маркоски стави точка – Норвешка совладана! (Видео)

Репрезентацијата на Македонија денес со почеток во 18:30 го одигра пријателскиот натпревар против Норвешка.

Македонската репрезентација во овој натпревар успеа да запише минимална победа од 2:0, а стрелци на погодоците беа Пандев и Maркоски во финишот од натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлучувачкиот момент се случи во 43 минута од средбата кога Пандев успеа да го искористи одличното додавање од Алиоски и на мајсторски начин ја спроведе топката во голот на Грајтебуст. За во судиското продолжение Маркоски да стави точка на добриот настап на македонската репрезентација.

Иначе за нашата репрезентација ова беше прва победа во четвртиот натпревар против селекцијата на Норвешка. На претходните три средби Норвешка запиша две победи, додека една средба заврши без погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…