Новиот премиерлигаш Лидс е пред финализирање на трансферот на играчот за врска на Баерн Минхен, Мишел Кјуисанс, пренесуваат медиумите на Островот.
Лидс се согласи да му плати на Баерн Минхен 20 милиони евра, а 21-годишниот играч за врска во наредните денови ќе стави потпис на договор до 2025 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Французинот го напушта Баерн после само една година, бидејќи е во потрага по поголема минутажа.
За неговиот потпис интерес покажаа неколку клуба од Премиер лигата, но Лидс успеа да ја победи конкуренцијата.
Michaël Cuisance joins Leeds on a permanent deal. Medicals completed, contract signed until June 2025, turned down a bid from another EPL club. ⚪️ #LUFC https://t.co/TaQyGhusJv
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 30, 2020