Тимот на Лидс Јунајтед за кој настапува македонскиот фудбалер Езџјан Алиоски наскоро би можел да стане клуб со многу поголеми амбиции.
Андреа Радризани разгледува понуди кои би можеле да го лансираа Лидс во самиот врв на англискиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една понуда пристигнаа од Катар Спортс Инвестмент (КСИ) групата која е предводена од Наер Ал Келаифи газдата на ПСЖ.
„Бев во контакт со 20 заинтересирани страни, а избрав три“, изјави Радризани за „Тајмс“.
Најреалното сценарио е Лидс да заврши во сопственост на КСИ. Ќе потсетиме и во текот на летото се шпекулираше дека Ал-Келаифи е заинтересиран да го купи Лидс.
„И КСИ и Насер ни се пријатели, имаме добар однос со луѓето од кај нив. Тие имаат можност да го одведат клубот на едно повисоко ниво. Со нив Лидс би бил конкурентен за самиот врв во англискиот фудбал“, додал Радризиани.
На крајот тој истакна дека него најважно му е да пронајде инвеститор кој од Лидс повторно ќе направи голем клуб.