Македонската фудбалска репрезентација во период кој следи ја очекува еден квалификациски натпревар со Млата и еден пријателски со Фарски Острови во слободниот термин.
Против Малта ќе играме на 23-ти март, додека со Фарски Острови четири дена подоцна. Двата натпревари се играат во Скопје. Пред овој натпревар зборуваше и репрезентативецот, Езгјан Алиоски кој потенцираше дека е важно успешно да се стартуваат квалификациите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Почетокот на квалификациите е многу важен за нас”
“Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија.
Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода.
“За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина”.
“Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, изјави Алиоски.