Дома Македонски спорт Aлиоски во јануари се враќа во Швајцарија?

Aлиоски во јануари се враќа во Швајцарија?

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе има нов клуб, а според најавите од Швајцарија тој би можел по седум години да се врати во оваа земја.

Алиоски во овој момент е под договор со Ал-Ахли, меѓутоа веќе некое време не е во плановите на клубот од саудиска Арабија и скоро и да не добива минутажа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега се најавува дека би можел да се врати во Швајцарија каде што во минатото го носеше дресот на Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс. Самиот Алиоск иво изјава за швајцарскиот „Спорт“ потврди дека опцијата за враќање во Швајцарија е отворена.

„Зошто да не? Се е отворено…Со Швајцарија имам многу заеднички работи. Среќен сум во Саудиска Арабија, имам валиден договор, меѓутоа работите во фудбалот брзо се менуваат. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…