Дома Трансфер зона Алжирецот го напушта Лестер, но останува во Премиер лигата

Алжирецот го напушта Лестер, но останува во Премиер лигата

Ислам Слимани во Лестер пристигна како големо засилување, но никако не успеа да се избори за место во стартниот тим кај „лисиците“.

Англиските медиуми тврдат дека Ватфорд испратил официјална понуда за алжирскиот репрезентативец, па се очекува одговор од Лестер.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Ватфорд за Слимани беше заинтересиран и минатото лето кога беше јасно дека Алжирецот нема да биде прв избор на „Кинг Пауер“, но Лестер сепак се одлучи да го задржи.

Силва сака да го има Слимани во својот тим бидејќи имаше одлична соработка со него во Спортинг Лисабон, а медиумите на Островот тврдат дека трансферот е многу блиску до реализација.

Станува збор за позајмица до крајот на сезоната, а „стршлените“ следното лето ќе имаат можност во целост да го откупат неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…