Дома Фудбал Останато Алекс Сандро: Се чуствувам виновен кога ќе потрошам 300-400 евра во една вечер

Алекс Сандро: Се чуствувам виновен кога ќе потрошам 300-400 евра во една вечер

Во модерниот фудбал се вртат огромни пари и генералниот впечаток е дека голем број фудбалери денес заработуваат многу повеќе отколку што заслужуваат.

Кога ги почнуваа кариерата некои од денешните фудбалери имаа навистина тешко детство. Посебно тоа се однесува на оние кои доаѓааа од повеќе сиромашните делови на светот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓу нив се наоѓа и Алекс Сандро, одличниот Бразилец веќе години наназад игра на високо ниво и важен дел од тимот на Јувентус.

Во разговор за „Раиам Сантос“ бразилскиот лев бек ијзави дека се чуствува виновен кога некогаш ќе потроши 300 евра за една вечер.

„Кога имав 15 години и станав член на младинците на Атлетико Парананесе заработував 100 долари месечно, меѓутоа клубот ми имаше обезбедено сместување, храна и школски часови. Од тие 100 долари 50 трошев, а остатокот го чував. Моја голема победа беше кога заштедив 100 долари и им помогнав на родителите во правењето на фасадата на куќата. Можев да купам било што, но во тој момент почуствував дека е потребно да помогнам на моето семејство“, изјави 28 годишниот фудбалер.

Денес работите му одат многу подобро, сепак тој не ја заборава вредноста.

„Многу пати излегувам со семејството и ќе потрошам 300 или 400 евра во една вечер тогаш ќе се сетам колку Бразилци се во тешка вечер и се чуствувам виновен“, заврши Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…