Тренерот на Јуветус, Масимилиано Алегри призна дека „бјанконерите“ веќе не се лидери во италијанскиот фудбал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утре Јувентус му гостува на Лацио, а Алегри смета дека тоа е дуел на двата најуспешни тимови во последните десет години во Италија.




„Лацио и Јувентус во последните 10 години освоија најмногу трофеи во Италија, но во моментив се мачат да влезат во Топ 4. Ќе биде многу тежок меч, но и важен за двата тима“, изјави Алегри.




„Дибала денес ќе тренира, но ќе видиме како ќе се чуствува после една недела пауза. Тој покажа волја да игра против Лацио, но неговата повреда се уште не е во целост излечена, може да биде опасно“, додаде Алегри.