Дома Фудбал Италија Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри откри дека имал разговор со Кристиано Роналдо и Португалецот потврдил дека останува во Торино.

Во текот на целото лето се шпекулираше со иднината на Роналдо, а  некои медиуми тврдеа дека токму Алегри е причината поради која Португалецот сака да си замине.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меѓутоа, денес Алегри стави точка на сите шпекулации и потврди дека Роналдо останува во Јувентус.

„Роналдо е исклучително важен играч за Јувентус. За нас тој е бонус, гаранција за многу голови. Никогаш не побарал да си замине, а мене и ми потврди дека останува, иако медиумите постојано летово го селат по разни клубови“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Удар за Наполи: уште еден клучен играч е надвор неколку месеци

Играчот за врска на Наполи Андре-Франк Замбо Ангиса доби сериозна повреда и ќе биде надвор…